Приватната Установа за социјална заштита Дом за стари лица СОНЦЕ,опфаќа модерни, пријатно уредени апартмани, прилагодени на потребите на корисниците, уредена дневна просторија, сончеви терасии убаво пространо дворно место.Сите простории се опремени со систем за звучна сигнализација.Дејноста и постоењето на ХотелСонцекако лиценциранДом,согласно Законот за социјална заштита се состои во давање услугиза сместување на стари и немоќни лица, нивно живеење,исхрана, одржување на лична хигиена,24/7 часовна грижа, нега, одржување и поттикнување на функционалноста на корисниците според нивните можности и способности прилагодени примарно со нивната здравствена состојба, секојдневни активности во група и индивидуална работа,структурирани активности и организација на нивното слободно време.За реализацијана сите наведени задачи раководејќи се од потребите на корисниците,се грижат стручни лица со различни профили кои го чинат тимот мултидисциплинарен а пристапот холистички заради заедничките цели-одржување и негување на здравјето, конфорот и задоволството на корисниците од укажаната грижа.Нашата амбиција е настојувањето во континуитет за нашите корисници да обезбедимеоптимални услови за живеење и активно стареење во сигурно за нив прилагодено опкружување, каде ќе ги задоволат своите потреби и ќе имаат можност да го искористат и негуваат својот личен потенцијал.Стручниот тимво приватната установа за социјална заштита на стари лица –Сонце го сочинуваат здравствени работници, социјален работник, негователи, кувар. Соработката со матичниот лекар, интернист, психијатаре континуирана а се вклучуваат исоработници одразличнипрофилисо предавања, едукации иактивности коипомагаатвонегувањетонаменталното и физичкото здравјекако и социјалниот животна корисниците и се во склад со нивните потреби и интереси.Секако не си дозволуваме и тука данеги споменеме најголемите соработници,семејствата.Ние во Хотел Сонце за корисниците обезбедуваме: Социјална заштита, 24 часовнанега,грижа инадзор, Примарна здравствена заштита, Сместување и исхрана, Активна соработка со семејствата како една од најзначајните алки во целото.Соработка со институции, поединци, членови на граѓанскиот сектор

ЗА ШТО СЕ ЗАЛАГА НАШИОТ ТИМ?

Постојат многу различни предрасуди (како поедноставени негативни генерализации за некоја целна група, кои создаваат услови за искривено реално осознавање), за староста и старите луѓе.

Тие, во суштина се разликуваат од фактите, односно се разликуваат во доживувањето, ставовите и пристапот кон старите луѓе и староста, како животно доба за која се повеќе се користи само декларативно реченицата Активно стареење.

Со секојдневно залагање, нега, грижа и цел за подобрување на функционалноста за корисниците, стручниот тим во Домот Сонце, се залага за надминување на ваквите сфаќања. Сознанијата и праксата потврдуваат дека тие се само ограничувања во секојдневното битисување и функционирање како кај нашите корисници кои спаѓаат во групата стари и изнемоштени лица, така и кај општата популација, која ги создава секако не намерно и со лоша причина туку со потреба од заштита но и незнаење за односите со старите особи.

Една од научените лекции е всушност дефинирање на конкретен проблем ЗАБЛУДИ ЗА, ОД И ОКОЛУ СТАРИТЕ ЛИЦА.

ЕДНА ОД НАЈЧЕСТИТЕ ЗАБЛУДИ присутни кај нашиот народ но и во светски рамки

* Промените во процесот на стареење обично се сметаат за негативни и неизбежни.

Во такви околности многу и од старите луѓе, почнуваат сами да веруваат во тие предрасуди, што секако доведува до непотребно отежнување и прилагодување на  процесот на стареење.

Како и сите други процеси и овој животен циклус и покрај заедничките индикатори има своја индивидуалност и личен белег, кој вработените во рамки на стандардите се обврзани да ги почитуваат, поттикнуваат и негуваат во позитивен контекст. Од истите причини секогаш потребна и добредојдена е соработката со семејствата/ членови на семејство, блиски или старатели.

Се случува заради социјалните интеракции, кои во некои случаи биле сведени на минимум без разлика на причините кои довеле до нив, да се бележи пад на внатрешните мотиви за живот. Најчесто кај старите и изнемоштени лица ваквиот социјален статус е поддржан со погрешни донесени одлуки за повлекување, убедувања дека не се во можност да учат нови вештини, да не се справуваат со тешки но излечливи болести и својот живот да го сведат на функционален минимум. Ако на ова се надоврзат немоќта, често отежнати движења и неприфаќање на актуелно ново настаната состојба добиваме предвремено остарена личност која го изгубила интересот и за себе и за околината. Од тие причини се работи и во групи на едукација особено врзана со грижата за себе, учество во групни игри кои служат за поттикнување и одржување на балансот тело – ум, друштвени игри, следење на настани, креирање во согласност со нивниот интерес и потреби на интересни случувања, натпреварувања, посети надвор од Домот, организирани родендени, средби со семејствата и слично.

Таквата динамика обезбедува враќање кон се што претходно било дел од нивниот живот и стимулира чувство на самореализација кај старите.

Староста не ја определува само календарската возраст  туку и многу други фактори, на пример што и колку можам да сторам и дали реализирам или сум пасивен посматрач на животот?

Сите старееме и посакуваме да може да биде така. Секоја личност да ја доживее  староста ако плод на се тоа, во што цел живот вложувала.

Како факти од нашата позитивна пракса ќе ви предложиме да размислите за следните тврдења за кои ние сметаме дека се факти

Луѓето никогаш не се повеќе различни отколку во староста.

Луѓето во староста се продукт на своето севкупно животно искуство и условите во кои живееле,а кои вообичаено се многу различни.

Не смееме, не можеме и не сакаме, сите стари и возрасни лица, кои институциите после 65 години, ги прогласуваат заради правата, за страи лица,

да ги третираме на ист начин.

Посочуваме дека е од особена важност да се разбијат заблудите и негативните префикси дека:

сите стари лица се болни, зависни од други, сенилни, дементни, не се менуваат, осамени, досадни и слично.

Болеста и староста се две различни состојби. Првата е поврзана со дијагностика на здравствена состојба а другата со календарска возраст.

Колку сме самостојни во животот, не не определува календарската возраст туку функционалноста која може да биде нарушена од здравствени причини, на различни возрасти со потреба од различен степен за помош и поддршка. Деменцијата е болест која навистина ги погодува повеќе старите лица и за истата е потребна терапија и во континуитет што повеќе стимулација и повторување за подобрување на состојбата.

Старите луѓе доживуваат исто како и сите други, дури понекогаш се и преосетливи.

Осаменоста без оглед на возраста може да е присутна и кај млади и кај средновечни и кај стари лица. Таа најчесто е поврзана со губитоци и стравови, а не возраст.

Благодарение на животното искуство возрасните знаат што им е потребно. Љубовта не заминува со стареењето, напротив таа треба да зрее како и животот без разлика дали се работи за емоција кон некого или генерално љубов кон животот.

Таа е смислата, таа е движечката снага и мотив. Да научиме да ја користиме како мото и мудрост без разлика на возраста.

Ви благодариме на довербата и поддршката!

Ние сме за Вас и Вашите семејства спремни да ви ги понудиме нашите услуги за нега и грижа, 24- ри часа и да направиме се што е во наша можност за да се чувствувате безбедно и сигурно.

Во приемниот дел на влезот во објектот, ќе Ве пречекаат социјалниот работник или медицинските сестри, за да Ви овозможат доволно информации, за тоа, за што сте заинтересирани и ќе ви договорат средба со работоводниот орган на Домот, доколку веќе електронски или телефонски не сте договориле средба.

После разменувањето на потребните информации, доколку донесете одлука за сместување во нашето СОНЦЕ, во соработка со директорот ќе го регулирате потребниот Договор за сместување или домување. За останатото ќе Ви помогнат сите вработени во согласност со нивната компетенција.

Комуникацијата со семејствата, разговори со секој корисник индивидуално, но и работа во група, секојдневно реализира социјалниот работник. Во интеракциите секогаш има однапред подготвен план и поставена цел за подобро функционирање на секоја индивидуа но и на групата како колектив кој пулсира заеднички.

За здравствената состојба достапност со потребни информации, за терапија или актуелна здравствена состојба, на вашиот близок може да добиете од одговорната сестра или сестрата во смена.

Доколку пак, веќе имате сместено некој ваш близок, било кој од вработените кои се во смена, ќе ве воведе во посетата на нашиот Дом.

Домот СОНЦЕ располага со фнкционално пријатно уредени и приспособени 19 апартмански двокреветни простории.

Секој апартман располага со личен простор за корисниците, кревет, плакар, биро, столица или фотеља согласно потребата на корисникот, тв, с.о.с систем за повикување, купатило и тоалет.

Домот располага и со други простории, опремени согласно намената. Домската кујна е модерно опремена со потребна апаратура и реквизити. Тука се изготвуваат мениата во кои партиципираат сите вработени и корисници заеднички, за да бидат различни навики и вкусови на општо задоволство уживани за време на оброците.

Заедничка трапезарија, место каде освен трите оброци и ужинки, се користи време за кратки паузи, за одмор со кафе, чај, ведри дискусии, чести заеднички споделувања на колективни игри и дружења. Најчесто тука се слушаат и музичките ноти кои ги бираат корисниците во соработка со вработените. Тука често се слуша и весел џагор за време на посетите со семејствата.

Кога пак времето ни е во согласност со температура, која ни овозможува користење на дворната површина, тогаш дел од активностите се случуваат надвор, во убаво уреден и безбеден за старите лица амбиент.

Не изостануваат ниту прошетките во утринските и попладневните часови со вработените кои се задолжени за нега и грижа. Прошетките обезбедуваат доволна оксигенација, раздвижена моторика и балансиран ум, подобрено расположение…

Сите активности уредно се бележат и ажурираат согласно законските одредби, а се реализираат согласно Програмата на Домот, која ја изготвуваат вработените а во која со свои ставови, видувања и потреби партиципираат корисниците.

Сите заедно имаме заеднички поставена цел да го подобриме квалитетот на живеење и во животниот циклус за кој најчесто се користи терминот ,,години на зрело, старосна доба,,. Тоа го чува нашиот интегрите и достоинство со заедничко вложување.