Најчесто поставувани прашања!
1. Каде се наоѓа Домот за стари лица СОНЦЕ?
Домот Сонце е хотелски објект, локациски сместен во подножјето на планината Водно, во мирна и тивка околина а сепак само на 5 минути со автомобил до центарот на градот, во населба Пржино, на ул. ,,Благоја Гојан,, бр.43 во Скопје, Македонија.
Чистиот воздух, убавиот поглед на градот, можноста за прошетки во дворот, даваат можност нашите корисници да се чувствуваат навистина како дома, не само во внатрешниот дел туку и надвор од објектот во неговиот двор.
Особено пријатни се свежите утра во летните денови, активностите кои се реализираат надвор, како и попладневните прошетки кога температурите се високи.
Местоположбата и условите овозможуваат поттикнување на моторините фунции, нивно негување и одржување.
Дворното уредено место често ни овозможува и заеднички дружби, кога сме домаќини на здруженија, посети од страна на семејствата и нивна приватност за време на посетата како и прослави на родендени или одбележување на значајни датуми.
2. Кој се грижи за корисниците?
За корисниците има 24 часовна грижа од страна на мултидисциплинарен стручен тим кои го сочинуваат социјален работник, здравствени работници, негуватели, кувари, хигиеничар. Со тимот раководи работоводен орган, директор.
Во стручната работа е вклучена тесна соработка со матичен лекар, интернист и психијатар кои во континуитет ја следат здавствената состојба на корисниците.
Посериозните потребни дијагностички процедури, интервенции и сл. во соработка со семејствата, се реализираат во соодветни и во адекватност со потребата и можностите на корисниците, здравствени установи.
Работата се реализира врз основа на Програма за работа.
Грижата за корисниците подразбира
– исхрана во согласност со здравствениот статус на корисникот (три оброка, десерт, овошје, чај, кафе и сл.),
– делење терапија,
– одржување на хигиена,
– вежби на физички и ментален план,
со организирано слободно време исполнето со активности и одмор, во согласност со состојбата и интересот на корисникот.
Во соработката секако се вклучуваат и други институции, здруженија, поединци и групи, се одржуваат презентации, едукации, од областа на превенцијата, подобрување и негување на здравјето, негување на постојното и мотивирање за подобрување на функционирањето на корисниците и слично.
Од аспект пак на останатите активности, организирање на слободното време, одбележување на значајни датуми и прослави освен вработените и просторот во Домот, се користат заеднички посети и надвор од установата.
Изборот и планот го работат заеднички корисниците и вработените.
Соработката со семејствата, да потенцираме дека во сите сегменти е потребна и добредојдена и е секогаш за доброто на корисникот.
Пристапот е со методологија за индивидуална и групна работа.
3. Има ли посети и кога може да се дојде на посета?
За да го доживуваме местото каде се наоѓаме или сме се сместиле како свое, секако треба да има присуство и учество и од страна на нашите блиски на кои сме навикнале, кои се дел од нашиот живот и кон кои ја имаме нашата љубов.
Од тие причини присутноста на членовите од семејството е многу значајна. Се трудиме да постигнигнеме меѓусебно разбирање од аспект на почитувањето на потребите на корисникот пред се, неговата приватност и достоинство. Да се почитува времето во кое тие примаат терапија, ручаат, се тушираат или имаат активност за да не се нарушува постигнатата рамнотежа.
Посети има секој ден, во периодот од 10 до 12 часот, со отстапки и прилагодување на ситуациите кои понекогаш се ургентни или исклучителни.
Земајќи ја сега ситуацијата со пандемијата посетите се реализираат согласно протоколите за заштита. Понекогаш и покрај нашата желба, потребно е носење на брзи и разумни одлуки за воздржаност, доколку тоа е во функција на безбедноста на здравствената состојба на корисниците. Но и во такви ситуации се обезбедува комуникација телефонски, електронски доколку има за тоа предуслови од двете страни.
4. Може ли да донесеме храна?
Исхраната е обезбедена, разнолична и во изготвувањето на менито учествуваат и корисниците. Имаме во предвид дека како на секој од нас така и на вашиот близок, му годи нешто домашно, нешто на што навикнал, нешто што тој посебно сака. Потрудете се да не го загрозуваме здравјето на корисникот. Тоа што го носите да биде адекватно и свежо за да може да се конзумира.
Секој апартман располага со мал фрижидер.
Неопходно, потребна е квалитетна соработка со вработените, информираност и разбирање, особено за оние корисници со намалено помнење или присуство на деменција, а физичка самостојност.
5. Што е потребно за да сместиме наш близок?
За почеток, потребна е размена на информации структурирани во хетероанамнеза. Информации и во прилог документација за здравствената состојба и за проценката на функционалност на потенцијалниот корисник. Разгледување на Договорот за сместување кој го добивате од нашата установа. Разгледување на просторните слободни капацитети кои може да Ви ги понудиме, земајќи ги во предвид сите специфики за личноста за која треба да обезбедиме прием. По потпишување на Договорот за сместување и утврдување на датумот и времето за прием се врши сместување.
6. Што е потребно да се донесе, доколку се решиме да сместиме некој близок член од семејството?
Потребни се лични документи за идентификација, здравствена книшка, актуелна терапија и лекарски наоди кои се актуелни, прибор за лична хигиена, потребна облека.
Секако доколку има предмети кои ги сака корисникот, слики или слично има шкафче, биро, простор во секоја соба да тоа биде негово катче.
Понекогаш има специфчни ситуации кога е потребно и нешто друго за што и под кои услови се догораат двете страни.
На пример, актуелно е потребно и негативен тест на КОРОНА вирусот, од референтен центар за дијагностицирање.
7. Може ли доколку сместиме наш член од семејството, да ја напушта установата?
Природно и нормално, бидејќи станува збор за возрасни лица тоа се практикува со потпишување на изјава, соработка за времето на напуштање и враќање на корисникот во домот за да може истиот да се подготви, доколку е потребно да земе терапија во меѓуврме таа исто се дистрибуира и дава од ваша страна. За се останато се договарате со тимот согласно Договорот.