Зошто балет?

21.03.2018

Кога станува збор за своето дете, родителите го посакуваат најдоброто. Изложеноста на спортот и уметноста како дел од физичките активности кои ни се понудени се од големо значење при оформување на машкото и женското тело.

Дали сте размислувале за балет?

Децата секако посетуваат активности кои се поврзани со училиште, посетуваат спорт, некои посетуваат часови по виолина. Но балетот е одличен медиум на приказ и исказ во кој може да аплицираат и момчиња и девојчиња. Часовите по балет за младите, можат да започнат од 4 и 5 години.

Кои се бенефициите од балетот?

- Тие учат да ги следат инструкциите
- Тие добиваат чувство на дисциплина при изучување на нови позиции
- Тие учат координација, рамнотежа и како да ги контролираат своите тела во движење
- Тие се активни и секојдневно вежбаат
- Тие се чувствуваат удобно во група од повеќе деца и изведуваат пред нив

Кога децата се на рана возраст, учењето нови работи е полесно за нив. Тие можат да се прилагодат и да учат побрзо отколку кога се постари. Започнувањето на изучување балет на рана возраст, тие не само што учат за вредна уметничка форма, туку и се обучуваат за животот што е пред нив. Сепак, ова е само почеток. Како што детето продолжува да изучува балет, од него ќе произлегуваат повеќе бенефиции, особено кога стануваат адолесценти и се во тинејџерските години.

- Тие развиваат долги и силни мускули со вежбање балет
- Тие се здобиваат со чувство на самодоверба и се горди со тоа што нивното тело може да направи
- Тие учат како да работат и се борат за тоа што сакаат да го постигнат
- Вештините кои ги учат во балетот ќе им бидат корисни за другите форми на танцот
- Тие воедно учат и за правилна исхрана за да ги задржат своите тела во добра форма

Марија Ристеска
Балетски педагог
Едукативен центар Сонце

© ЕЦ СОНЦЕ - сите права задржани