Се ближи тромесечието, останете концентрирани

10.03.2018

Едно е сигурно, мора да го загреете столчето и тоа без оправдување. Најлошата работа од се е тоа што само по десетина минути над книга ви снемува инспирација. На сите ни е познат оној момент кога сфаќате дека доволно беше забошотување и дека е време да се фатите за книгата.

Како да си помогнете? Еве неколку идеи што можете да ги пробате ако сакате што подолго да останете сконцентрирани на учењето.

1. Мобилниот да ми е надвор од дофат – одредете си некое време (на пример еден час) во кој нема да гледате во мобилниот. Еден час учење, па дури потоа прегледување фотки на инстаграм.
2. Не јадете несоодветна храна – постои храна од која се чувствувате прејадено и поспано. Ова е листа со производи што придонесуваат за поголема концентрација: боровница, ореви, темно чоколадо, авокадо, брокула, салата.
3. Направете листа – понекогаш се чини дека имате премногу работи за учење. Но ако запишете се на хартија и не е толку страшно. Листата со приоритети за учење ќе ви ја олесни организацијата и ќе постигнете повеке за покус временски период.
4. Отворете прозорец – свежиот воздух е битен доколку сакате да ја одржите концентрацијата на високо ниво. Уште некои работи што помагаат за квалитетно учење се: добар сон, зелен чај, многу вода, вежби за опуштање.
5. Доколку работите на компјутер отворете само прозорец за учење – не дозволувајте да ве деконцентрираат социјалните мрежи и други неважни работи.
6. Ако учите во група без глупирање – секако дека може да се шегувате, но кога се учи, сконцентрирајте се. Во спротивно учењето во група нема смисла.
7. Не учете со празен желудник – доколку сте гладни цело време ќе размислувате што да јадете. Подобро јадете, одморете малку, па потоа почнете со учење.
8. Наместете го бирото – чаши од вчера, куп книги, белешки, ѓубре и непотребни ситници. Се што не ви треба тргнете го. Работното место треба да ви биде чисто и уредно.

Сиче Талеска
Едукатор
Едукативен центар Сонце

© ЕЦ СОНЦЕ - сите права задржани