Промотивни часови за едукативен театар -РАЗигранУМ

05.10.2019

ЕДУКАТИВЕН ТЕАТАР за деца во ЕЦ Сонце!
РАЗигранУМ со Горјан Аревски, дипломиран театарски режисер.
Бесплатен промотивен час во четврток 3 Октомври од 18 часот за деца од 4-6 години, од 19 часот за деца од 7-12 години.

*Учењето е игра / играта е школо / школото е живот

- За да детето го спознае светот околу него, за да биде свесно и чувствително кон другиот, тоа мора прво да се разбере себеси, опипа душата, истражи телото, развие мозокот и со тоа да ги дознае своите доблести и мани. Станувањето свесен за самиот себе најдобро се прави со дружење со другите и практикување на тимска работа. Бидејќи изолираноста понатака создава од детето егоистичен индивидуалец.

- ТЕАТАРОТ како најстара форма на дејствување и на раскажување, му помага на човекот да се реализира, да ја испразни својата енергија и да се наполни со нова-позитивна и на тој начин добро да влијае на останатите околу него. Раскажувањето приказни му е вродено на човекот, а театарската форма е идеална за тоа. Децата се најчистите примероци на “глумци” во светот, затоа што идеалниот театар е оној преплетен со животот, а децата, во најмала возраст театарската игра не ја делат од нивниот реален живот. Нивната емоција е онаа вистинската, бидејќи тоа што детето го чувствува, тоа и го пренесува.

Закажете го Вашето присуство на 071 935 208.

© ЕЦ СОНЦЕ - сите права задржани