Курсеви за ''Креативно истражување'' и '' Цртање и Сликање''

16.11.2017

''Креативно истражување''


Часовите по креативно истаражување ќе бидат исполнети со најрзнодвидни изработки на предмети, декорации, дизајн, уредување и уметнички дела, од најразлични материјали како: глина, линолеум, рециклажа на амбалажи, стари предмети и сл. Овие ликовни изработки ќе бидат од функционална, практична и уметничка примена за самите млади посетители на часовите и за едукативниот центар, секако и за домашна и јавна употреба. Целта на часовите е да се развие креативниот начин на размислување, сетилото за рачно создавање и др. креативни вештини.

''Цртање и Сликање''


Под овој курс подразбираме практика во цртањето и сликањето. Материјалите за работа на часовите ќе бидат обезбедени од страна на ''Едукативниот центар Сонце''. Овде се вклучуваат работа со цртање и сликање во различни правци, од самата основа за нормален развој на цртежот до перфектна изведба на една слика во различен правец.

И двата курса имаат за цел да го збогатат знаењето на младите посетители, околу самиот развој на уметноста, визуелниот свет, убавината на творењето, да се споделат искуствата на другите уметници низ светот. Секако ова е тоа што е битно да го знае секое дете од аспект на ликовната култура, за да тоа порасне не само како информиран и образовен, но и како културен граѓанин на едно општество.

© ЕЦ СОНЦЕ - сите права задржани