Играме, учиме и растеме заедно

01.01.2017

Ново во ЕЦ Сонце, курсот "играме, учиме и растеме заедно", е наменет за деца од 3 до 6 годишна возраст, деца кои што од било која причина не посетуваат градинка, или посетуваат градинка со скратено време како дополнување на дневните активности. Цели на курсот се социјализација, едукација и поттикнување на правилен физички и психички развој на деца од предучилишна возраст, слободно и креативно изразување на децата преку игра и забава. Временската рамка на курсот е 3 часа дневно, секој работен ден во континуитет. Работата на курсот се одвива во мали групи до 10 деца на возраст од 3-6 години. Наставата се одвива во две простории - сала за физички активности и просторија за едукативна игра. Големината на групата ни овозможува групна и индивидуална работа со секое детенце, се посетува доволно внимание на секое детенце поединечно, се интегрира во групата од која што постанува дел со што се истакнува моментот на социјализација. Програмата по која што се одвива наставата ги следи стандардите за рано учење и ран детски развој. Со програмата се опфаќаат сите развојни домени како што се физичко здравје и развој на моторика преку соодветни вежби во сала и локомоторни активности; социоемоционален развој преку поттикнување на самодовербата и самоконтролата; развоен принцип кон учењето преку симболички и логички игри; описменување и комуникација преку учење бројки и букви читање и слушање, и конгнитивен развој преку зголемување на менталните и интелектуалните активности. Играме, учиме и растеме заедно е курс кој што претставува склоп на активности и содржини распоредени во одредени временски интервали распоредени според потребите. Содржините кои што се застапени во програмата се поделени во неколку области: Физичка активност во сала (соодветно на возраста и можностите на детето), едукативни приказни и бонтон содржини, креативно изразување преку цртање, боење и креативни изработки, учење на бројки и букви, форми, бои и нови содржини, слободни активности и дружење.

© ЕЦ СОНЦЕ - сите права задржани