Играме, учиме и растеме заедно

5 дена во неделата

240 минути

4800 ден.

Играме, учиме и растеме заедно

Предавач

Елма Сејфовска

Опис на курсот

Играме учиме и растеме заедно е програма во делот на ран детски развој за едукација и социјализација на деца од најмала возраст. Користејки го моделот на ГБЛ, сите зададени цели се реализираат преку игра и забава, метод кој што им е природен и нормален на децата, на кој што начин се постигнуваат посакуваните ефекти.За поголема ефикасност и подобри резултати покрај едукативниот дел, во програмата се вметнати и часови за физичка активност со кој што се работи на грубиот моторен развој на детето.
Програмата има едукативен карактер, насочувајки се кон почетна едукација и социјална инклузија на децата од преучилишна вораст. Градејки позитивен став кон самите себе и средината во која припаѓаат, сите тематски активности се формулирани за да ја потикнат креативноста и мисловната активност кај децата. Работните задачи ја истакнуваат индивидуалната способност на детето и работата во група, со што се стимулира чувството на самодоверба и припадност во група. Преку работа со едукаторот, разговор и слобода на искажување на ставови и мислења, се потикнува правилниот говор кај децата, се насочуваат да ги унапредуваат карактеристиките и способностите за кои покажуваат афинитети, но и да осознаваат останати способности со што се создава градење на позитивни ставови кон учењето, се зголемува фокусот и истрајноста кај децата. Програмата, како склоп од мисловна и физичка активност има за цел да придонесе за развој на среќно и исполнето дете.

Играме учиме и растеме заедно опфаќа 5 развојни домени важни за развојот на децата.
Социоемоционален развој: Овој развоен домен делува во делот на градење на позитивна слика за себе, стекнување на самодоверба, развивање и препознавање на емоции, прифаќање на различности.
Здравје и моторен развој: Овој развоен домен и неговите субдомени се опфатени преку физичката компонента и добра физичка кондиција, Активно учество на децата во околината и стекнување на здрави животни навики.
Пристап кон учењето: Овој развоен домен се реализира преку темите за љубопитност, интерес, иницијативност и истрајност, развој на креативност, упорност и посветеност, рефлексија и интерпретација.
Јазик комуникација и почетно описменување: развоен домен на кој му се посветува внимание преку, правилно зборување, комуникациски вештини, слушање, интерес кон читање.
Когнитивен развој: Посебни теми за потикнување на размислување, активно разрешавање на проблеми, критичко размислување, интерес кон нови содржини.

Чланарина

Основен пакет - 4800 денари месечно
Премиум пакет - 5000 денари месечно
Сонце пакет - 5700 денари месечно

Предавач/и

Елма Сејфовска

Едукатор

Групи

Пчелички - Предпладневна група
3-6 години
понеделник
08:00 - 12:00
вторник
08:00 - 12:00
среда
08:00 - 12:00
четврток
08:00 - 12:00
петок
08:00 - 12:00
Верверички - Попладневна група
3-6 години
понеделник
12:00 - 16:00
вторник
12:00 - 16:00
среда
12:00 - 16:00
четврток
12:00 - 16:00
петок
12:00 - 16:00

Членство

Пчелички - Предпладневна група

7

Членови

5

Слободни места

12

Максимум

Верверички - Попладневна група

15

Членови

-3

Слободни места

12

Максимум

ОСНОВНИ ИНФОРМАЦИИ

Брoj на членови: 12 по група

5 дена во неделата

240 минути

4800 денари месечно

Постави прашање

Други курсеви

12 членови

2700 ден.

3 дена во неделата

90 мин.

10 членови

1200 ден.

2 дена во неделата

60 мин.

25 членови

3500 ден.

5 дена во неделата

240 мин.

© ЕЦ СОНЦЕ - сите права задржани