Идни првачиња

2 дена во неделата

60 минути

1200 ден.

Идни првачиња

Предавач

Сиче Талеска

Опис на курсот

Идни првачиња е програма во делот на ран детски развој. Главната цел на активноста е подготовка на децата за формалното образование, припрема за запишување во прво одделение, полесна инклузија на децата во група и олеснување на способноста за прифаќање на авторитети. Во фокусот на програмата се ставени два подеднакво важни елементи: почетна едукација и социо-емоционална подготовка. Активноста Идни првачиња е осмислена да представува преодна фаза од градинка кон училиште, со цел децата полесно да ја прифатат новата состојба на формално образование, да бидат подготвени за предизвиците кои што се пред нив, социјално да се оспособат за индивидуална работа и работа во група, и емоционално полесно да ја прифатат промената која што им следува.Тематските единици се внимателно избрани и ги воведуваат децата од познато, кон помалку познатото, на еден благ и прифатлив начин, со цел да се потикне градење на позитивна слика и позитивни емоции кон училиштето.
Потикнувањето на децата на разговор, критичко и логичко размислување преку креативност и будење на детската фантазија, допринесува за полесна комуникација дете-наставник и дете-родител што предстваува едена од клучните елемент на активноста.
Програмата како склоп од едукација, социјална и емоционална подготовка има за цел да обезбеди среќни и исполети првачиња.
Идни првачиња со својата програма опфаќа 5 развојни домени важни за развојот на децата.
Социоемоционален развој: Овој развоен домен делува во делот на градење на позитивна слика за себе, стекнување на самодоверба, развивање и препознавање на емоции, прифаќање на различности Здравје и моторен развој: Овој развоен домен и неговите субдомени се опфатени преку физичката компонента и добра физичка кондиција, Активно учество на децата во околината и стекнување на здрави животни навики Пристап кон учењето: Овој развоен домен се реализира преку темите за љубопитност, интерес, иницијативност и истрајност, развој на креативност, упорност и посветеност, рефлексија и интерпретација.
Јазик комуникација и почетно описменување: развоен домен на кој му се посветува внимание преку, правилно зборување, комуникациски вештини, слушање, интерес кон читање

Чланарина

Основен пакет - 1200 денари месечно
Премиум пакет - 1500 денари месечно
Сонце пакет - 2000 денари месечно

Предавач/и

Сиче Талеска

Едукатор

Групи

Идни првачиња
5 години
вторник
18:00 - 19:00
петок
18:30 - 19:30

Членство

Идни првачиња

4

Членови

6

Слободни места

10

Максимум

Галерија

ОСНОВНИ ИНФОРМАЦИИ

Брoj на членови: 10 по група

2 дена во неделата

60 минути

1200 денари месечно

Постави прашање

Други курсеви

12 членови

2700 ден.

3 дена во неделата

90 мин.

25 членови

3500 ден.

5 дена во неделата

240 мин.

10 членови

1200 ден.

2 дена во неделата

60 мин.

© ЕЦ СОНЦЕ - сите права задржани